“Хаос” на Народниот театар од Штип вечерва го отвара 63. ДАФ на Македонија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со претставата „Хаос“ на Народен театар Штип вечерва во 20:15 часот свечено ќе биде отворено 63. издание на Драмски аматерски фестивал, чиј традиционален домаќин е Кочани.

Претставата е режисерско остварување на Александар Ивановски, работена по текст на Мика Милиахо.

Во текот на петте фестивалски дена, на сцената на Центар за култура „Бели мугри“ ќе бидат изведени вкупно девет претстави. Од нив, четири се од Македонија, четири од Србија – две од Ниш и по една од Врање и Стара Пазова, како и една претстава на аматерски театар од Подгорица.

Покрај штипскиот Народен театар, македонската сцена ќе ја претставуваат и Училиште за театар „Од игра до претстава“, гимназијалците од СОУ „Св. Климент Охридски“ и членовите на Аматерски театар при ДК „Иван Мазов Климе“.

Фестивалот ќе биде затворен на 20 мај во 19 часот со претставата „Тестостерон“ на кавадаречкиот ансамбл, во режија на Јордан Витанов.

Претставите ќе се играат денеска, како и на 16, 17, 18 и 20 мај, во вечерни термини на сцената на ЦК „Бели мугри“.

Годинешното 63. издание на фестивалот, според објавената програма, ќе се одржи без детската програма, без делот со традиционалните придружни содржини и без претстава од домаќинот Кочани.

Генерални покровители на фестивалот се Министерство за култура и туризам и Општина Кочани, со поддршка од неколку општествено одговорни компании.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Анкица Манасиевска е новата в.д директорка на ООУ „Никола Карев”

Со  решeние за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Манасиевска, која е долгогодишен одделенски наставник во ОУ „Никола Карев“, ќе ги врши работите до именување нов директор, не подолго од шест месеци од денот на

Општина Кочани поставува видео надзор на локациите каде што се создаваат диви депонии

Општина Кочани започна со поставување видео надзор на локациите каде што најчесто се создаваат диви депонии, со цел да се спречи несовесното фрлање отпад и загадувањето на животната средина. Една од критичните точки е просторот околу АСНОМ, каде што, особено за време на викендите, повторно се создаваат купишта отпад и покрај тоа што контејнерите се

В недела свечено отворање на затворениот градски пазар во Виница

В недела, 17 мај, со почеток во 11 часот, во Виница официјално ќе биде отворен затворениот градски пазар. На настанот ќе присуствуваат премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. При посетата ќе биде направен и увид во повеќе инфраструктурни проекти во општината, меѓу кои реконструкција на водоводна и