Во Кочани, в недела, 17 мај ќе се одржи свечено осветување на манастирот „Св. Димитриј“, со почеток во 08:00 часот.
Чинот на осветување и Светата архиерејска литургија ќе ги предводи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со свештенослушителите од кочанското архиерејско намесништво.
Од манастирот упатуваат покана до верниците да присуствуваат на овој значаен духовен настан, кој, како што посочуваат организаторите, претставува посебна радост и благослов за православните верници во регионот.
Нека овој свет манастир биде духовно огниште, место на покајание, молитва, мир и спасение, се наведува во соопштението.
Се очекува на настанот да присуствуваат голем број верници од Кочани и регионов.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









