Панаѓур во Кочани на 16 и 17 мај

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Овој викенд, на 16 и 17 мај, на платото кај Градскиот пазар во Кочани ќе се одржи панаѓур со  понуда на облека, обувки и разновидни производи по пристапни цени.

Посетителите ќе имаат можност да купат евтина и квалитетна облека за сите возрасти, сезонски артикли, модни додатоци и многу други производи од повеќе продавачи.

Панаѓурот ќе трае во текот на двата дена, а се очекува голема посетеност и интерес кај граѓаните кои сакаат да пазарат по поволни цени.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В недела ќе биде осветен манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

Во Кочани, в недела, 17 мај  ќе се одржи свечено осветување на манастирот  „Св. Димитриј“, со почеток во 08:00 часот. Чинот на осветување и Светата архиерејска литургија ќе ги предводи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со свештенослушителите од кочанското архиерејско намесништво. Од манастирот упатуваат покана до верниците да присуствуваат на овој значаен духовен

Сопруг физички ја нападнал сопругата во Кочани – пријавуван и за претходно насилно однесување

На 11.05.2026 во 20:45 часот во Полициската станица Кочани, 40-годишна жена од Кочани пријавила дека, по претходна расправија во домот, нејзиниот сопруг Д.Ј. физички ја нападнал. Според пријавеното, тој и претходно се однесувал агресивно и физички ја малтретирал.

56-годишник од Кочани загина во сообраќајка во пробиштипско

56-годишник од Кочани загина во сообраќајка во пробиштипско… – На 11.05.2026 во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во село Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки,