Во Библиотеката „Искра“ во Кочани попладнево ќе биде промовирана книгата „Сите бои на виножитото“ посветена на Киро Герасимов – новинар, публицист, хроничар кому во епицентарот на сето она што го работел му е Кочани, луѓето од градот, занаетите, театарот, Доклевец (маалото во кое живееше)…
Автори на оваа публикација се Славица Цветкова, роднокрајна писателка и внуката на Герасимов – Розета Д.Петрова.
Според Цветкова, во „Сите бои на виножитото“ е поместен животниот пат на Киро Герасимов, кој беше синоним за МРТ и новинарството во регионов, и неговото творештво, бидејќи тој има потпишано осумдесетина публикации.
Промоцијата е закажана за денеска во 17,30 часот. Издавач е Печатницата „Европа 92“, а рецензент м-р Љупка Стојменова. Улогата на модератор на настанот ќе ја има Верица Пауновска Дамеска.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









