Општина Чешиново – Облешево ќе учествува на Фестивалот на белиот штрк во Бугарија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Претставници на Општина Чешинов – Облешево денеска заминаа за градчето Белозем кај Пловдив, Бугарија, каде што во следните три дена ќе учествуваат на 23. состанок на Европската мрежа на села со штркови.

Општината Чешиново – Облешево на настанот, што се нарекува и Фестивалот на белиот штрк, ќе биде единствен претставник од Македонија.

-Таму ќе ја искористиме приликата да се промовираме како општина и држава со филмот „Приказната за Силјан“ сниман на нанашите простори. На овој реномиран фестива од Европа ќе учествуваат петнаесетина  држави. Се надевам дека со општини од тие држави ќе воспоставиме контакти, кои понатаму ќе ни овозможат поширока соработка, освен на планот на негувањето на култот за штрковите, изјави за МИА градоначалникот Јорданче Костадинов.

Фестивалот на белите штркови се организира од страна на Општинскиот центар на Белозем  – „Просвета 1909“ , градоначалникот на таа општина и Невладината организација „Зелен Балкан“, а се одржува под покровителство на Министерството за животна средина и води на Бугарија.

Со текот на годините, оваа интернационална манифестација  се етабилираше како традиционално чествување посветено на белиот штрк – симбол на пролетта, животот и хармонијата меѓу природата и луѓето.

Општина Чешиново – Облешево за прв пат е поканета да учествува на Фестивалот на белиот штрк во Белозем во Бугарија

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанчанец пронајден со повреди на главата во речен канал во село Лески. Итно бил пренесен во „Мајка Тереза“ Скопје

Кочанчанец пронајден со повреди на главата во речен канал во село Лески. Итно бил пренесен во „Мајка Тереза“ Скопје   На 06.05.2026 околу 23.30 во ОВР-Виница било пријавено било дека во речен канал во с.Лески, виничко, било пронајдено машко лице со повреда на главата. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи

В петок, 8 мај – Генералка викенд во Кочани

Општина Кочани, во соработка со училишта и невладини организации, в петок, 8 мај, со почеток од 9 ч., ќе спроведе активности за собирање и селектирање отпад на четири локации, во рамките на националната акција Генералка викенд. Ќе се расчистува расфрланиот отпад во околината на Градскиот стадион „Никола Мантов“ – кај Градскиот базен, во населбата Тикешински

Живејте без грижи со SIGAL Insurance Group…..

Барате сигурност на која можете да се потпрете? Изберете SIGAL Insurance Group! Компанија позната по брза и сигурна исплата на штети – затоа што кога ви е најпотребно, SIGAL е тука за вас. Патувајте без грижи со најповолното патничко осигурување. Грижете се за вашето здравје со современи здравствени пакети. Заштитете го вашиот дом и имот