Општина Кривогаштани и оваа година активно се приклучува на националната еко акција GENERALKA WEEKEND, Генералка Викенд , која ќе се одржи на 8 мај (петок) Почеток на еко акцијата е во 10:00 часот, а целта е грижата за чиста и здрава животна средина какоа обврска на секој жител.
Ваквите иницијативи се одлична можност да ја зајакнеме солидарноста и одговорноста во заедницата велат од општина
„ Активностите за чистење ќе се реализираат на повеќе локации: – во Кривогаштани: од старото реновирано училиште кон повеќенаменското игралиште, околу фудбалскиот стадион, паркот и паркинг просторот – долж патниот правец Кривогаштани – Крушево – Околу сите подрачни училишта на територијата на Општина Кривогаштани, Општина Кривогаштани останува цврсто посветена на заштита на природата и развивање на еко-култура кај граѓаните. Ве повикувам да покажеме дека можеме да создадеме позитивна промена во нашето место на живеење.“ информираат од Општина Кривогаштани
Овогодинешниот ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД ќе се одржи помеѓу 8 и 10 мај 2026 година во сите општини во Македонија. Заедно партнери од Пакомак, Нула Отпад, Пивара Скопје, ЕВН, Макстил, Заубермахер, ИУТЕ, КАЗ Груп, Зелс и Црвен крст. Генералка Викенд се организираа како пролетна акција за чистење , секој мај, во период од десет години: од 2021 до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја) со цел да се исчисти земјата од отпадот од минатото и да се рециклира во зелена за генерациите што доаѓаат.
Поддржано од Министерството за образование, Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство.
Како податок , од 2021 година, повеќе од 100.000 волонтери од 81 општина собраа повеќе од 1.500.000 килограми отпад за време на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Од 2022 година засадени се повеќе од 136.000 дрвја во 29 општини заедно со јавни и приватни донатори!
Сите овие плантажи се нарекуваат „СОНЧЕВА ГОРА“ и до 2031 година ќе има СОНЧЕВА ГОРА во секоја општина во нашата земја, велат организаторите .









