По повод храмовата слава на кочанскиот храм посветен на Свети Георгиј Победоносец, в среда, 6 мај – Ѓурѓовден, ќе се одржат празнични богослужби.
Чествувањето започнува утре, вторник, 5 мај со празнична вечерна богослужба со почеток во 17:00 часот, кога ќе се изврши и кревање на петолебието.
На денот на празникот, 6 мај (среда), од 07:00 часот ќе се одржи Утрена богослужба, додека од 08:00 часот ќе се служи Света златоустова архиерејска литургија.
Со литургијата ќе чиноначалствува митрополитот Иларион, во сослужение со свештенство од Кочанското архиерејско намесништво.
Во рамки на богослужбата ќе се изврши и кревање на славскиот колач, во чест на храмовата слава.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









