Проданоски им оддаде почит на сите работници кои придонесуваат за развој на Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод Меѓународниот ден на трудот, Први Мај,  градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски потенцира дека успехот и напредокот на заедницата зависи од трудот  на работниците.”Тие се темел за развој на Општина Прилеп”, вели Проданоски во својата првомајска честитка.

– Ви го честитам денешниот празник, Меѓународниот ден на трудот – Први Мај, посветен на достоинството, правата и придонесот на работниците во креирањето на квалитетна заедница. Овој празник е потсетник дека секој успех на нашето општество се гради врз трудот, упорноста и посветеноста на луѓето кои секојдневно вложуваат енергија за подобро утре.

Секојдневно треба да им оддаваме признание на сите наши работници и оние од фабриките, и оние од канцелариите, училиштата, болниците, полињата и институциите. Почитувани, вашата работа е темелот на развојот на нашиот град. Од вас зависи нашиот напредок како општина и како држава, а наша должност, како избрани претставници, е да обезбедиме достоинствени услови за работа и плата соодветна на вложениот труд и знаење.

Нека овој ден биде инспирација за работничка солидарност и почит кон трудот.

Затоа, заедно, со работа и посветеност, да градиме подобра сегашност и подобра иднина за нашите генерации.
Ви посакувам здравје, напредок и успех во вашата работа и достоинствен труд!

Честит нека ни е Меѓународниот ден на трудот!- напиша на ФБ профилот, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година. Со оваа мерка се обезбедува намалување на малопродажните цени: дизелот ќе биде поевтин за 3 денари по литар,...

Уапсен на „Табановце“измамникот од Прилеп кој зел 88.000 евра од сопруг на болна жена од Валандово

Б.К. (44) од Прилеп денеска е уапсен на граничниот премин „Табановце“. Според соопштението на МВР тој минатата година измамил сопруг на болна жена од Валандово, земајќи му 88.000 евра за наводно лекување во странство. Жената во меѓувреме починала, велат од полицијата. Осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во...

(ВИДЕО)Центарот на Прилеп под „опсада“ од најмладите велосипедисти 🚴‍♂️

Претпладнево беше „тензично“ во центарот на Прилеп. Градот беше „под опсада“ на најмладите , дечињата од градинките ЈОУДГ „Наша иднина“  кои возеа велосипеди и тротинети на велосипедската патека од булеварот Гоце Делчев. Тоа беше детска радост во комбинација со одговорност и едукација на најмладите учесници во сообраќајот, активност „Безбедно на...