Владата ја информира јавноста дека, по разговори со компанијата ОКТА и во насока на ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.
Со оваа мерка се обезбедува намалување на малопродажните цени: дизелот ќе биде поевтин за 3 денари по литар, а бензините од 95 и 98 октани за 2 денари по литар.
Продолжувањето на попустот доаѓа како обид да се амортизираат ефектите од високите цени на енергенсите и да се обезбеди предвидливост за граѓаните и компаниите во наредниот период.
Оваа одлука е дел од поширок пакет мерки со кои властите се обидуваат да ја задржат стабилноста на пазарот и да спречат дополнителен удар врз семејните буџети.









