Приказна за хуманоста: Како Тоше Проески помогна да се спаси живот од Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На мои осум години, во 2000 година, се соочував со тешка дијагноза, тумор на мозокот, имав една неуспешна операција, а состојбата постојано ми се влошуваше.

Како единствен спас моите родители гледаа на операција на клиника во Германија, но беа потребни 50 илјади германски марки. Во тоа време немаше социјални мрежи, па се одржуваа акции по училиштата, донираа и државни фирми од општината.

Но, средствата не можевме да ги собереме и моите родители беа очајни.

Тогаш, на предлог на пријатели, решија да се организира хуманитарен концерт во спортската сала во нашиот град, Кочани, во постаро интервју ни ја раскажа својата животна приказна Тоше Илиев, кого судбината сосема случајно, засекогаш го поврзала со легендарниот Тоше Проески. -Иако уште бев дете, мене, на моите двајца браќа и на родителите Тоше Проески ни беше идол. Решивме да се обидеме да го контактираме, да му предложиме тој да пее.

Беше тешко да се најде телефонски број, да се стапи во контакт, беа тоа други времиња.

Наш семеен пријател кој пред тоа имал средба со Тоше и размениле броеви ни кажа дека има контакт од него, па без двоумење тој му се јави. Кога Тоше прашал за кого треба да пее, пријателот му кажал дека сум негов имењак, и Проески се насмеал и рекол – Штом е од Тоше за Тоше, се ќе биде во ред.

И така испадна – се сеќава Илиев, кој живее во родното Кочани и е дипломиран правник, кој работи во семејната фирма. На концертот кој се одржал на први декември 2000 година, салата била преполна и се собрале над 90 проценти од потребната сума. Остатокот од сумата се собрал од претходните акции, и Тоше заминал во Германија.

Тоа била неговата втора операција во рок од шест месеци, и одреден период бил во кома.

Раскажа дека како последица останал со оштетен вид, но е среќен што живее.

Со Тоше останале во контакт и по концертот, родителите им се запознале, станале семејни пријатели.

Имал 15 години кога Тоше почина, и веста го скршила од тага.

Вели дека со цело семејство го исплакале, затоа што чувството било како да изгубиле многу близок човек.

Во годините подоцна, Тоше Илиев организираше хуманитарен концерт ,,По патеките на Тоше”, секоја година на неговиот роденден, а средствата беа наменети за социјално загрозени семејства од Кочани.

Денес Илиев е семеен и солидарен човек, кој го негува споменот на Тоше Проески.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“ Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа