Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“
Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани.
Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.
Донацијата што се реализира во знак на децениското пријателство на двете збратимени општини и за поддршка на Кочани по трагедијата во „Пулс“, беше повод делегација од Крањ да престојува во Кочани.
Општината Крањ ја претставуваше долгогодишниот советник и функционер Игор Велов, кој на градоначалникот на Кочани Владко Грозданов ги пренесе поздравите од градоначалникот Матјаж Раковец, како потврда на досегашната и проширување на соработката од граѓанска и противпожарна, сега и во областа на животната средина.
На средбата со градоначалникот Грозданов присуствуваа и директорот на комуналното претпријатие од Крањ, Матјаж Берчон и раководителката на Секторот за отпад, Симона Бергант. Градоначалникот Грозданов се заблагодари за поддршката, истакнувајќи го значајниот придонес на Крањ за одржувањето на јавната хигиена во Кочани.
Ова е втора донација од Крањ, по противпожарното возило со скала, донирано 2020 година, за потребите на ТППЕ – Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник

ООУ „Никола Карев“- Реконструиран покривот на спортската сала, мурали на ѕидните површини, табли за ПУ во Тркање

Неколку активности неделава се реализирани  во ООУ „Никола Карев“ од Кочани. Обновени се и реконструирани делови од покривот на спортската сала „Кочанските ангели 16 март 2025“, каде се изведува наставата по физичко образование. Салата е подигната пред 13 години, зафатот е направен во насока на нејзино одржување и обезбедување подобри и побезбедни услови за работа

Што е со булеварот, улиците, Домот за стари лица, паркинзите и останатата инфраструктура во Кочани – Владко Грозданов

Граѓаните имаат право да бидат информирани за случувањата и најновите проекти од Општина кочани. Од нив некои се во изведба, некои во тек, а други пак во проектна документација и никако да започнат. Во моментов течат работите на булеварот „Теодосија Паунов“ од десната страна. Се привршуваат активностите на улицата „Бел Камен“, а се подготвува и