Уапсени двајца дрвокрадци-ги нападнале полицајците со моторна пила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 29.04.2026 во 21:30 часот во с. Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште.  Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. со моторна пила нападнал еден од полициските службеници, по што се дале во бегство. По преземени мерки, Т.Т. и Џ.Т. се лишени од слобода и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Центарот на Прилеп под „опсада“ од најмладите велосипедисти 🚴‍♂️

Претпладнево беше „тензично“ во центарот на Прилеп. Градот беше „под опсада“ на најмладите , дечињата од градинките ЈОУДГ „Наша иднина“  кои возеа велосипеди и тротинети на велосипедската патека од булеварот Гоце Делчев. Тоа беше детска радост во комбинација со одговорност и едукација на најмладите учесници во сообраќајот, активност „Безбедно на...

Во сообраќајка загина 19 годишен мотоциклист во Прилеп

Утринава, на влезната улица во Прилеп „Леце Котески“ се случила сообраќајна несреќа меѓу автобус и мотоцикл при што загина 19 годишниот возач на мотоцикл. Тој бил пренесен во прилепската болница каде била констатирана смрт:

Интензивни подготовки за новата комедија „Девојките на Марко“

Пробите за новата театарска претстава, комедијата „Девојките на Марко“ на Народниот театар “Војдан Чернодрински“ – Прилеп се во полн тек . Со многу посветеност и напорна работа се гради сценскиот израз на претставата која e во режија на Синиша Ефтимов. Сценографија и костимографија е на  Илина Ангеловска, а во претставата...