Во просториите на Прогресив Академијата на „Винчини“ во Виница денеска ќе се одржи работлиница на тема „Простор за болка, пат кон обнова“ во организација на „Ротари Феникс центарот“ на Ротари клубот „Кочани – Виница“.
Работилницата има за цел да создаде безбеден и поддржувачки простор за психолошка рехабилитација по кризни и трауматски настани во заедницата.
Под водство на д-р Дијана Белевска и тим на психолози, учесниците ќе имаат можност да разберат како умот и телото реагираат на стрес и траума, да научат практични техники за справување со емоции и анксиозност, да направат чекор кон внатрешна стабилност и обновување, најавуваат организаторите.
Настанот вклучува и холистички пристап – со музикотерапија, медитација и јога.
Целта е да се поттикне чувство на заедништво, разбирање и постепено враќање кон себе.
Работилницата има интерактивен карактер, почетокот на настанот е закажан за 17 часот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









