Концерт „Stefanijazz Project“ на камерната сцена во Цепенков

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 23 април 2026 /четврток/ од 19.00ч. на камерната сцена во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се реализира концертот  „Stefanijazz Project“, што е дел од годишната програма на НУЦК „Марко Цепенков“, со  поддршка од Министерството за култура и туризам.

Концертот носи љубов кон музиката, искреност и стил кој спојува повеќе жанрови. Изведба на најистакнатите авторски композиции на Стефанија, преработени во современа џез фузија, џез-рок и босанова аранжмани, како и изведба на неколку џез стандарди – звук што го спојува класичното и  модерното, нежното и енергичното.

УЧЕСНИЦИ:

Стефанија Милевска Враниќ – вокал
Билјана Трајковска – вокал и пратечки вокали
Владимир Враниќ – гитара
Владимир Николиќ / Dadoni – труба
Ристо Крстевски – клавијатура
Зоки Паркет – контрабас и бас
Павел Талевски – тапани

Програма :  

ЕДНО МОМЕ
БЕЗНАДЕЖЕН
THE MOMENT IS NOW
ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА
AT LAST
БЕГАШ
ДА РАШИРАМ КРИЛЈА
SUMMERTIME
ПОСЛЕ ДОЖДОТ ДОАЃА СОНЦЕ

10.НЕШТО

HEY YOU LISTEN

12.МАЛКУ ЉУБОВ

13.НЕМА ДА МОЛЧАМ

Stefanijazz Project претставува уникатен музички израз што ја спојува авторската чувствителност на Стефанија со богатството на џезот. Концертна програма која вклучува оригинален спој на неколку музички правци од нејзините најистакнати композиции, преточени во џез фузија, џез-рок и  босанова аранжмани, како и нови интерпретации на класични џез стандарди.  Со современ, но топол пристап, проектот се стреми да го доближи џезот до пошироката публика, а особено до млади слушатели, негувајќи културна едукација, автентичност и жанровска отвореност. Со префинет баланс помеѓу  нежност и енергија, Stefanijazz Project нуди доживување кое допира и  инспирира. Овој концерт е замислен како интимно музичко патување кое нуди нов пристап кон сценската џез-изведба.

Програмата промовира домашна авторска музика, со уметничка и културно- едукативната вредност, која активно го охрабрува развојот на домашната џез  сцена. Stefanijazz Project претставува платформа за музичари, жанровска  креативност и современа култура.  Како една од првите дипломирани џез пејачки во Македонија, Стефанија го  прославува својот празник на музиката, преку истражување на границите на џезот и неговата способност да се интегрира со различни жанрови. Нејзиното  долгогодишно сценско искуство околу 20 години како музички изведувач, потоа солистичките концерти, мјузикли и перформанси низ Македонија, Србија,  Бугарија и Босна, континуирано создавајќи авторска музика, со карактеристични уметнички сценски изведби и 2 музички албуми зад себе, ги  крунисува со концертна форма Stefanijazz Project.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...