Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето кое се направивме со опрема од Археолошкиот музеј на Македонија упатуваа на постоење улица со широчина од 6 метри која почнувала од долниот сектор – Гимназиумот па се протегала до Горниот сектор каде бил градскиот плоштад со Агората, смета  Душко Темелкоски, археолог и раководител на истражувањата во Стибера при Завод и Музеј Прилеп. Археолозите годинава ги започнаа новите истражувања на приватна парцела и по документирањето на наодите ќе мора да ги засипат,иако архолозите сметаат дека баш тука се наоѓаат најимпознатните архолошки тајни на Стибера наречена уште и „Македонска Помпеја“

Стибера бил антички град со околу 20.000 жители. За тогашно време тоа било големо средиште, кој најголемиот процут имал од 3. век пред нашата ера до 3-4 век од новата ера.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Продолжува врнежливото време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен...

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко. Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”. „ ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод...

Заврши првиот циклус за био градинарство од Градината на Филип и ЗОКУМ

Од Градината на Филип и ЗОКУМ (Здружение за образование, култура и уметност) уште една новина – едукација за био градинарство, интензивен курс на кој што учествуваа и се обучуваа градинари од Македонија. За успешно завршената обука сертификати добија осумтемина учесници. Последниот час беше заокружен со дружење и практични совети во...