Заврши првиот циклус за био градинарство од Градината на Филип и ЗОКУМ

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од Градината на Филип и ЗОКУМ (Здружение за образование, култура и уметност) уште една новина – едукација за био градинарство, интензивен курс на кој што учествуваа и се обучуваа градинари од Македонија. За успешно завршената обука сертификати добија осумтемина учесници. Последниот час беше заокружен со дружење и практични совети во градината на Филип Димкоски во викенд населбата кај Маркова чешма.

Никогаш не завршува прибирањето на знаења за квалитетно градинарство за производство на здрава храна, рекоа учесниците. Секоја сезона си е своја приказна, а био градинарството доколку се почитуваат принципите за грижа на природата, на почвата, на плодоредот, на временските прилики и природната заштита и прихрана – тогаш кругот на природата ќе врати десеткратно повеќе од очекувањата.

Произведената здрава храна е лек, а работата е неизмерно задоволство и терапија. Во таквите градини важно е и наследството што се остава за наредните генерации – здрава и плодна почва и здрави навики како најсилно „оружје“ што човек може да го поседува.

„Годинава во организација на Здружението ЗОКУМ се одржа двомесечниот курс по био градинарство. На оваа дружба како завршен настан и воедно еднодневна обука дојдоа и други заинтересирани за еколошко градинарство. Со оваа активност заокружуваме еден циклус на онлајн обуки на кои беа 8 пријавени кандидати. Овој интензивен курс ги помина сите етапи на производството во градинарството. Зборувавме од почеток на агротехничките мерки што подразбираат подготовка на почвата, основна прихрана , процесите на сеидба, расадопроизводство, па дојдовме до специјалното градинарство во кое зборувавме за голем број култури, но пред се’ се акцент ставивме на оние култури кои што се најпроизведувани. Денес се соочуваме со еден проблем имаме и недостаток на храна, но имаме уште поголем проблем недостаток на квалитетна храна. Возможно е да се еколошки да се произведе храна без третирање на еден начин кој дава добробит и за човекот што го јаде и за околината и за животната средина што е уште поважно. Да оставиме една трага која ќе биде позитивна, а не по нас да оставиме деградирана земја. Она што можеме да оставиме на нашите поколенија, на нашата иднина е здрава почва, затоа што здравата почва секогаш ќе овозможи  произведство на здрава храна,“ вели Филип Димкоски, агро инжинер, обучувач, предводник, практичар и теоретичар за био градинарство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...