Иницијтива за обновување на ФК Варош – Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Група љубители на фудбалот, главно „по потекло“ од Варош, креираат иницијатива за обнови на некогашниот фудаблски клуб „Варош, под наслов
Да го обновиме ФК Варош – Прилеп!“
Во нивната иницијатива се вели:
Со голема љубов кон спортот и нашата населба, сакаме повторно да го вратиме животот во ФК Варош – Прилеп. Клубот има традиција, историја и место во срцата на многу генерации, а сега е време повторно да заживее.
Ги повикуваме сите поединци, спортски ентузијасти, поранешни играчи, љубители на фудбалот и сите добронамерни луѓе кои сакаат да помогнат во обновата на клубот и подобрувањето на фудбалското игралиште да ни се придружат.
Секоја помош е добредојдена – со идеи, физичка работа, донации или поддршка од каков било вид. Заедно можеме повторно да создадеме место каде младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе растат во вистински спортски дух.
Да го вратиме Варош таму каде што припаѓа – на фудбалскиот терен!, пишува на нивната ФБ страница
И во коментари, започнуваподдршката и разните понуци за да се помогне да се реобнови овој клуб кој згасна пред 9 години, поточно со последниот првенствен меч одигран на 26 ноември 2017 година.  Инаку, и овој прилепски клубот е со долга и богата традција,  а ФК Варош , како дел од истоимената прилепска населба, учествувал и во Втората лига на Македонија.
Се смета дека ФК Варош е еден од постарите прилепски лубови, формиран во 1939 година под името ФК „Искра“. Во 1977 година, клубот е реорганизиран и почнал да се натпреварува во Општинската и Квалитетната фудбалска лига под името ФК „Црвени Стени“, а во 1984 година ФК „Црвени Стени“ е преименуван во ФК „Варош“.
Инаку клубот, ФК „Варош“ располагаше со сопствен стадион, ( во близината на Институтот за тутуни)  канцеларија, соблекувални со тушеви, изградени по сите стандарди и со одлични услови за одржување на натпревари. Но, за време на повеќегодишниот прекин на натпреварување на клубот, стадионот и објектот денеска се руинирани и преставува запуштена трнлива ливада со искрешени ѕидини  на т.н соблекувални и канцеларија.
(Никој не презеде одговорност за уништувањето на овој стадион и објектите во него.) Денес фудбалската желбата повторно се буди кај Варошани, но дали тоа ќе остане само желба или  клубот ќе најде место под фудбалското сонце, останува времето да покаже!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи во Прилеп

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” – Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Уметникот се претставува со  30 дела работени на картон и на алуминиумски лим. Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја,...

Успешен старт на прилепските одбојкари – ветерани во новата сезона

Успешен старт на прилепчани на стартото на  новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а на гевгеличани, противник им беше екипата на 11 Октомври – Прилеп, која со 2:1 во сетови, успеа да го победи домаќинот. Со ова прилепчани ја продолжија традицијата...

Акцизите на горивата остануваат пониски, се очекува и намалување на цените

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, која ќе важи до 4 мај, со цел ублажување на ефектите од глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар. Според владините пресметки, се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за дополнително намалување...