Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” – Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи.
Уметникот се претставува со  30 дела работени на картон и на алуминиумски лим.
Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја, со најразлични мотиви-крстови, пејзажи, кочанско поле….
Уметникот Верговски посочи дека делата ги работел со претчуство дека ќе се случи голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони. Низ своето долгогодишно работно искуство како советник конзерватор дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Иницијтива за обновување на ФК Варош – Прилеп

Група љубители на фудбалот, главно „по потекло“ од Варош, креираат иницијатива за обнови на некогашниот фудаблски клуб „Варош, под наслов „ Да го обновиме ФК Варош – Прилеп!“ Во нивната иницијатива се вели: „Со голема љубов кон спортот и нашата населба, сакаме повторно да го вратиме животот во ФК Варош...

Успешен старт на прилепските одбојкари – ветерани во новата сезона

Успешен старт на прилепчани на стартото на  новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а на гевгеличани, противник им беше екипата на 11 Октомври – Прилеп, која со 2:1 во сетови, успеа да го победи домаќинот. Со ова прилепчани ја продолжија традицијата...

Акцизите на горивата остануваат пониски, се очекува и намалување на цените

Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, која ќе важи до 4 мај, со цел ублажување на ефектите од глобалните ценовни шокови врз домашниот пазар. Според владините пресметки, се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука за дополнително намалување...