Во Општата болница – Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион.
Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата.Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани, додека пак снимките ќе се читаат и интерпретираат од стручниот тим во Клиничка болница Штип, информира Министерството за здравство (МЗ).

Согласно медицинските индикации, пациентките кај кои е потребен дополнителен ехо преглед на дојка ќе се упатуваат и прегледуваат во Штип. Правиме напори за обезбедување нов мамограф за Штип, по соодветните проценки во изминатиот период за неможност за поправка на истиот, вели д-р Владко Захариев, директор на КБ Штип.

За пациентките од другите градови од источниот регион е предвиден посебен ден за прегледи, со цел подобра организација и поголема достапност.

Директорот на Клиничка болница Штип информира дека со оваа организација овозможуваме преглед на околу 100 пациентки месечно да добијат мамографски преглед.

Директорката на Општа болница Кочани вели дека ќе се воведе втора смена со цел да се излезе во пресрет на жените од источниот регион.

Отворивме зголемен број термини, со цел да одговориме на потребите и да обезбедиме што поголем опфат на жените од целиот источен регион со оваа важна здравствена услуга, вели д-р Катерина Мирчовска.

Министерството за здравство нагласува дека останува посветено на обезбедување навремена и достапна здравствена заштита за сите граѓани.

Институционално се мобилизиравме и во координација со двете здравствени установи овозможивме оваа услуга како времено решение да биде достапна за пациентките од овој регион. Ова е начин како системот треба да функционира кога ќе се соочи со предизвик, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува