Трипуновски: Откупени над 10.000 тони оризова арпа – институциите го следат процесот во кочанско

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
 Откупот на оризовата арпа од минатогодишната реколта во кочанскиот регион се одвива континуирано, а досега се преземени над 10.000 тони, информираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Тој посочи дека и покрај временските неприлики и задоцнетата жетва, процесот се следи внимателно, со цел да се заштитат оризопроизводителите.
Го следиме откупот и сакам да порачам дека оризопроизводителите никогаш не биле оставени сами. Доколку има потреба, институциите ќе реагираат за да се заштити нивниот труд, изјави Трипуновски.
Министерот потврди дека е реализиран и планираниот откуп за државните стоковни резерви, при што се обезбедени 2.400 тони ориз.
Во однос на недостигот од семенски материјал, најави дека Институтот за ориз во Кочани веќе работи на негово производство, а првите количини се очекуваат да бидат достапни уште во текот на оваа сеидба.
Според надлежните, годинава ориз ќе се сее на околу 4.000 хектари во кочанскиот регион

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СОУ „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник. По повод 106-годишнината од раѓањето и 82-годишнината од смртта на Викентиев, повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор. По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици. Ученик на генерацијата 2022 – 2026 е Матеа Саздова, која

ДПД – Кочани утре учествува на Меѓународниот противпожарен натпревар „МАРЧАНА ФИРЕ“

Утре, 18 април, сабота, членовите на ДПД – Кочани ќе учествуваат Меѓународниот противпожарен натпревар „МАРЧАНА ФИРЕ“.  Оваа година на натпреварот учествуваат 15 противпожарни екипи од Хрватска, Словенија, Србија и  Македонија, кои ќе имаат можност да ги покажат своите вештини и снаодливост преку низа барачки вежби. Натпреварот, утре треба да започне во 12 часот во Ракљ,

Четири милиони денари за Општина Виница за набавка на комунална механизација и опрема

Општина Виница доби 4 милиони денари од Министерството за локална самоуправа за реализација на проект за набавка на комунална механизација со опрема за подобри комунални  услуги. Министерството за Локална самоуправа на Општина Виница и ги доделува овие средства врз основа на   програмата за намалување на диспаритетите во различни општини, по претходно доставена апликација. -Целта