Монодрамата „Лидија, или сè што знам за жените“ в сабота на Сцена 105

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 18.04.2026/сабота/ од 20.00 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски.

Адаптација, режија и актерска игра: Игор Трпчески

Музика на акустична гитара: Тони Миќевиќ

Тон: Томе Темелкоски

-„Лидија, или сè што знам за жените“ од Тихомир Јанчовски е мало парче од еден богат и раскошен свет и светоглед. Не трагајќи по форма преку која би бил допадлив кај читателите, не оптеретувајќи се со книжевни правила и норми, ниту пак водејќи сметка дали создал поетски или епистоларен роман, фикција, метафикција или, како што вели тој – живот, Тихомир го напипува пулсот на современото живеење и нам, на читателите (навикнати на написи не подолги од стотина карактери), успева да ни сервира дело кое се чита во еден здив.

Мислата тече со неверојатна леснотија, а јазикот е толку природен и непретенциозен, што читателот се чувствува како да си прави муабет со авторот, или поточно, како што би рекол тој – сохбет. Овој роман се занимава со современи, секојдневни и универзални теми. Не е обременет со тривијалните, исцрпувачки проблеми на нашето секојдневие, ниту со дневна политика. Ни трага од тоа. Напротив, ова е роман за убавото. За сета убавина на животот. Јанчовски, дури и кога зборува за најтешки и најмрачни теми, тоа го прави сосема ненаметливо, на еден човечен начин, со благост.

Така, тој не зборува за онаа запустена и тажна Битола која ја знаеме, туку за една убава, сончева Битола која дише и вистински живее. Веднаш да ти се припие кафе на Широк Сокак. Во овој роман и врнежливото време е убаво време, а грмотевиците се предмет на обожување. Обичните луѓе се чинат како најинтересните на светот, дружбите со нив се убави, но исто толку убава е и осамата; тагата е пожелна исто колку радоста, а обичната жена станува муза. Животот како да е овде и сега, едноставен и полн со смисла – посочува во рецензијата Лидија Митоска – Ѓорѓиевска.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се санира Ленишки мост – следи времена измена на сообраќајот

Регионалниот центар за управување со кризи информира по известување од АМСМ за времена измена на сообрајот поради градежни работи на дел од патот Плетвар – Прилеп:  ИЗВЕСТУВАЊЕ : На 20.04.2026 година (Понеделник), ќе се започне со времена измена на сообраќајот при санација на горниот строј на Ленишки мост на км 47+900 на државен...

Најавени прекини на електричната енергија за понеделник и вторник

Регионалниот центар за управување со кризи по информација од ЕВН известува за планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија за деновите понеделник и вторник:  На 20.04.2026 год. (понеделник) од 09.30 ч. до 15.00 ч. на следните места во Општина Прилеп : викенд населба ,,Маркова чешма” , Поводеници и Вештачко езеро – Прилеп.  На 21.04.2026...

„Живот повторно“ настан организиран од храброто момче Димитар Радески

На 19 Април 2026 во НУЦК „Марко Цепенков” – Прилеп ќе се одржи настанот „Живот повторно” кој го организира Димитар Радески од Прилеп воден од лична идеа и инспирација со единствена цел да ја поттикне и подигне свеста за малигните болести и превенција на истите. „Јас, Димитар Радески, како канцер...