„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со средства собрани од донации, граѓанската иницијатива „Support Kocani“ спроведе уште една активност насочена кон помош на лицата погодени од пожарот во „Пулс“.

Во оваа фаза, обезбедени се медицински креми за третман и нега, во вкупна вредност од над еден милион денари.

Станува збор за пакет кој вклучува креми со висок заштитен фактор, препарати за регенерација, како и специјализирани сетови за нега на кожа со изгореници.

Овие производи се внимателно избрани со цел да помогнат во закрепнувањето и подобрување на состојбата кај повредените.

Од иницијативата информираат дека набавката е направена во директна комуникација со засегнатите лица, при што се водело сметка за нивните реални потреби.

Дополнително, процесот е олеснет со поддршка од аптеки, кои излегле во пресрет со попусти.

Производите ќе бидат достапни за подигнување во младинскиот центар „Гнездо“ , каде што ќе се врши нивна распределба до оние на кои им се најпотребни.

Од „Support Kocani“ потенцираат дека остануваат активно вклучени во обезбедување помош и поддршка за погодените граѓани, истакнувајќи дека заедништвото и хуманоста се од исклучителна важност во вакви ситуации.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Библиотеката „Искра“ ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право

Традиционално, ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани го прославува 23 Април, Светскиот ден на книгата и авторското право. Во 1995 година, УНЕСКО го прогласува 23 април како „Светски ден на книгата и авторското право“ во чест на смртта на двајцата великани на светската литература Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес и каталонскиот фестивал во Шпанија, кои се случиле токму

Балетска група од Канада во ЦК „Бели мугри“ на 22 април во 19 часот

Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поикануваБалет на хуманитарниот концерт за помош на жртвите од пожарот во Кочани на „Ballet Magnificat“  од Канада, во организација на Love Kocani. По одржаните концерти во МКЦ Скопје на 17 април и во НУ ЦК „ Ацо Шопов“ Штип на 20 април, завршниот концерт

ДПД Кочани учествуваше на „Marcana Fire 2026“ – освоено 7. место

Доброволното противпожарно друштво Кочани учествуваше на петтиот меѓународен натпревар „Marcana Fire 2026“, кој се одржа во организација на DVD Općine Marčana. Во конкуренција од 15 екипи, претставниците на ДПД Кочани го освоија седмото место, што претставува солиден резултат на меѓународна сцена. Од друштвото упатија благодарност до организаторите за, како што наведуваат, одличната организација и гостопримството.