Камион, со велешки регистарски таблички, попладнево, се запали на Плетвар, на делницата од Прилеп кон Скопје. Сообраќајот се одвиваше отежнато, поради што се формираа колони возила. Веднаш интервенираше ППТЕ – Прилеп, но комбето целосно изгоре, а засега не се познати причините за опожарувањето на товарното возило.
Собраќајот на превојот Плетвар беше во прекин неколку часа, но по гасење на пожарот повторно е активен.









