Нарушување на јавниот ред и мир, возење без возачка, марихуана во автомобил се дел од случувањата кои ги регистрирала полицијата за велигденските празници, информираат од СВР Битола.
Полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.С.(32) од Прилеп, бидејќи возел без возачка.При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.С., при што констатирано било дека истиот не поседува возачка дозвола.
На 13.04.2026 во 01:00 часот, во ОВР Прилеп 30-годишен маж од Прилеп пријави дека на ул. „Круме Волнароски“ во Прилеп, непознато лице од неговата 17 – годишна внука со употреба на сила одзело мобилен телефон и и нанел повреди.
На 12.04.2026, пак, во 22:40 часот на ул.„Кеј 1 Мај“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Х.У.(19) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Х.У., при што констатирано било дека истиот не поседува возачка дозвола.
На 12.04.2026 во вечерните часови (во 20:30 часот) на ул. „Дабничка” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода С.У.(52) од Прилеп и С.М.(37) од Битола, бидејќи при преглед на патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки во кое се наоѓале пријавените, пронајдена бил марихуана.
На 12.04.2026 во 14:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски” во Прилеп Г.К.(49) и М.Р.(32), двајцата од Прилеп, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка.
Се преземаат мерки за расчистување на ннастаите, информираатод СВРБитола.









