Денеска, 10-ти април, Распети Петок, најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници, денот кога се одбележува страдањето и распнувањето на Исус Христос.
Овој ден се поминува во тишина, молитва и строг пост, со богослужби посветени на Христовите страдања.
Верниците се поклонуваат пред Плаштаницата, симболично учествувајќи во Христовото погребение.
Утревечер, по полноќ, односно во сабота во 12 часот, верниците ќе се соберат во храмот „Свети великомаченик Ѓорѓи“, каде ќе биде донесен Благодатниот оган од Ерусалим, како најава за Христовото воскресение.
Со тоа започнува одбележувањето на најголемиот христијански празник – Велигден.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









