(ВИДЕО)Апарат за оптичка кохерентна томографија доби очното одделение во прилепската болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепската Болница со сопствени средства набави современ апарат за очна дијагностика , односно за оптичка кохерентна томографија. Апаратот ќе овозможи пациентите наместо во клиниките или други градови во Македонија да ги прават испитувањата во Прилеп.

-Апаратот е софистициран и еден од најдобрите. Така да правиме се’ пациентите да
добијат подобри услуги и да не патуваат во другите градови. Се работи за апарат за прецизна дијагностика на заболувањата на задниот дел од окото, односно на филмот за гледање. Болницата од сопствени средства го набави овој апарат за кој што се издвоени 5 милиони денари  ,“ рече Кире Јоноски, директор на прилепската болница.

Зголемен е бројот на пациенти кои што имаат потреба од специјалистичка дијагностика, очното одделение работи под полн капацитет, вели началникот д-р Дејан Ристески на офталмолошкото одделение при Болницата во Прилеп.

– Ќе имаме подобри услови во поглед на дијагностика, во поглед на дијабетис мелитус и рана прецизна дијагностика кај покачен очен притисок, односно глаукомот и ќе овозможиме пациентите да добиваат рана дијагностика и истовремено следење. Еден ден се надеваме дека ќе стасаме да имаме антивегеев терапија со која се решаваат проблемите кај дијабетичните ретинопатии,“ додава  д-р Ристески, специјалист очен лекар, кој на прашањето за потребите од стручен медициски кадар посочи дека недостигаат медицински сестри. На очното одделение во прилепската болница има четворица специјалисти очни лекари, а тројца се на специјализација.

Доцент д-р Наташа Трпевска Шеќеринов, директор од Клиниката за очни болести од Скопје, посочи дека ова е значаен чекор за општа болница Прилеп, бидејќи е современ апарат, кој е непоходен.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Велигденски панаѓур на ООУ Кочо Рацин – Прилеп

По повод престојниот празник Велигден прилепското основно училиште Кочо Рацин  го организираше велиогденскиот панаѓу , трета година по ред.По традиција , велигденските изработки од вредните раце на учениците , го привлекоа вниманието на прилепчани кои ги купуваа различните изложени креации.Собраните средства од продажниот панаѓур ќе се искористат „од деца за...

(ВИДЕО)Според склучените договори тутунската реколта 2026/27 ќе биде рекордна

Доколку послужат временските прилики тутунската реколта за која во тек е расадопроизводството се очекува да биде рекордна со околу 30 000 тони продукција. Податоците за склучени договори покажуваат дека има голем интерес и кај тутунопроизводители, но и кај откупувачите за производство на ароматичен ориентален тутун во Македонија.

(ВИДЕО)Трипуновски: Откупени околу 100 000 јагниња, исплатени субвенциите за одгледувачите на овци

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп одржa работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој се разговараше за актуелните состојби во секторот овчарство и откупот на јагнето. Што се однесува на откупот на македонското јагне цената се движи од...