Сопруг си ја нападнал сопругата во Кочани. Во друг случај 51-годишна пријавила физички напад од 60-годишен кочанчанец
На 07.04.2026 во 12:10 часот во ОВР Кочани, 24-годишна жена од Кочани пријави дека на 06.04.2026 околу 21:00 часот во домот каде престојуваат била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.04.2026 во 18:00 часот во ОВР Кочани, 51-годишна жена од кочанско пријави дека околу 00:30 часот во стан во Кочани била физички нападната од Љ.А.(60) од Кочани. Љ.А. е писмено предупреден и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









