Со ревијален концерт одбележан јубилејот – 70 години од основањето на ОМУ „Ристо Јуруков“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во ЦК „Бели мугри“ вечерва, Општинското основно музичко училиште „Ристо Јуруков“,  со ревијален хуманитарен концерт на кој учствуваа сродни училишта – гости од цела Македонија, го одбележа јубилејот – 70-години од основањето.

Ова училиште , како нижо музичко, е основано во 1956 година под името „Стеван Мокрањац“. Истото, подоцна е  преименувано во „Ристо Јуруков“, според личноста која оставила неизбришливи траги во музичко-едукативната дејност во градот и пошироко.

На свеченоста вечерва, освен ученици од  „Ристо Јуруков“ , свои моменти на сцената на Националната установа од Кочани имаа и ученици од училишта од Кавадарци, Неготино, Штип, Гевгелија, Струмица, Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Тетово, Куманово и Велес. Пред публиката тие се претставија со музика од познати македонски и светски композитори на пиано, виолина, флејта, саксафон,  и на  други музички инструменти.

Директорката на „Ристо Јуруков“,  Марија Лазарова, отворајќи го концертот, рече дека преку сите што поминале низ музичкото училиште од Кочани во изминатите 70 години, тоа станало место каде музиката живее, се развива и инспирира.

-Овој јубилеј е симбол на истрајност, успешна соработка и љубов кон уметноста, која, кај нас, се  се пренесува од генерација на генерација.

 

Вечерашниот ревијалниот концерт во ЦК „Бели мугри“, организиран во чест  на 70 – годишнината од основањето ОМУ „Ристо Јуруков“, имаше хуманитарен карактер.

Собраните средства од продажбата на велзници што чинеа 200 денари, ќе бидат донирани на ЗГ „16 Март 2025 Кочани“  за изградба на спомен обележјето „Патека на бесконечноста“ во стариот пар во центарот на градот.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени

„Доста беше“ повикува на голема еколошка акција: Датумот ќе биде заеднички договорен со сите кои сакаат да учествуваат

Советничката група при Советот на Општина Кочани „Доста беше“ упати јавен повик до граѓаните, здруженијата, компаниите и институциите да се вклучат во заедничка работна акција за уредување на јавните простори во Кочани. Од „Доста беше“ велат дека и со малку време и добра волја може да се направи видлива промена во средината во која живееме,