Утревечер АФКО во МКЦ во Кочани по 14 – ти пат

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Здружението на граѓани, вљубеници во хуморот и сатирата „Афористичката репрезентација на Македонија“ на 3 април, петок, во 18 часот во Мултикултурниот центар во Кочани ќе го одржи 14. издание на  манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“,  во пошироката културна јавност позната како АФКО.

Оваа година афористичарите на конкурсот твореа на темата „Чесен крадец“. До тричлената комисија, во состав Марјан Анѓелковски, Снежана Стојчевска и м-р Доне Донев пристигнати се 36 авторски дела.

Според нивното мислење, првата награда утревечер ќе му биде доделена на Ристо Филчевски од Струмица, како добитник и на признанието „Најдобар афоризам“ за неговата мисла: „Секоја украдена пара му е благословена. Ги краде од црква.“. Второнаграден е Атанас Крлевски од Велес, додека третата награда ја освои Ацо Ѓорѓиев од Струмица. Жирито ќе додели и пофалници за Лазе Стефановски и Драганчо Тасевски – Изворски од Кичево, како и за Фросина Тасевска од Штип.

На манифестацијата ќе биде доделена и традиционалната Специјална плакета за развој и афирмација на хуморот и сатирата во Македонија, чиј добитник ќе биде познат на самиот настан.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени

„Доста беше“ повикува на голема еколошка акција: Датумот ќе биде заеднички договорен со сите кои сакаат да учествуваат

Советничката група при Советот на Општина Кочани „Доста беше“ упати јавен повик до граѓаните, здруженијата, компаниите и институциите да се вклучат во заедничка работна акција за уредување на јавните простори во Кочани. Од „Доста беше“ велат дека и со малку време и добра волја може да се направи видлива промена во средината во која живееме,