Лебот во Кочани поскапе – цената достигна до 40 денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Од денеска граѓаните на Кочани плаќаат повисока цена за лебот, кој е поскапен за околу 5 денари и во дел од продажните места достигнува до 40 денари.

Новите цени веќе се применуваат во повеќе пекари и маркети низ градот.

Според пекарите, поскапувањето е резултат на зголемените трошоци за производство, вклучително и цените на суровините, електричната енергија и транспортот.

Тие посочуваат дека корекцијата била неопходна за да се одржи работењето.

Граѓаните реагираат поделено – дел од нив имаат разбирање за состојбата, додека други стравуваат дека новото покачување дополнително ќе го оптовари домашниот буџет.

Веста е достапна во аудио форма и на 91, 4

Слушајте вести на секој час

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Агресивен возач под дејство на алкохол приведен во Кочани – одбил алкотест и им се заканувал на полицајци

На 31.03.2026 околу 18:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР кочани го привеле Б.М.(34) од с.Нивичани, кочанско. Претходно, при редовна сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, при што тој одбил да се алкотестира и почнал агресивно да се однесува и да им се заканува на

ЕВН ВРАБОТУВА…

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република  Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА За потребите на Кориснички Енерго Центaр во Штип во Група 2, бараме: ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ воШтип (М/Ж) Работни задачи:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа Отчитување на податоци од

Креативни маски, игри, песни и многу шеги на денешната „Априлијада“ во Кочани

Креативни маски, игри, песни и многу шеги можеа да се забележат денеска во Паркот на Револуцијата во Кочани, по повод одбележувањето на први април , Денот на шегата. Муви, цветови, пчели, пеперутки, преинцези и главни ликови од цртаните филмови продифилираа низ улилиците во Кочани. Манифестацијата „Априлијада“ се одржа пред платото на Центарот за култура „Бели