Активности за подобрување на јавното осветлување во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани реализира активности за обновување на јавното осветлување, при што се врши замена на оштетените светилки и на инсталацијата. Активностите веќе се завршени на четирите моста во централното градско подрачје, на потегот од Двојниот мост до Градскиот плоштад, со што значително се подобрува видливоста и безбедноста во овој фреквентен дел од градот.

По две децении, целосно се заменети и столбовите за осветлување на кејот на Кочанска Река, на улицата „Лазар Андонов“. На оваа локација е поставено современо осветлување кое користи сончева енергија, што придонесува за енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Претходно поставената опрема за осветлување со обновлив извор на енергија беше предмет на вандализам и целосно беше уништена.

Кочани важи за водечка општина во начинот на штедливо јавно осветлување. Пред десетина години беше воведено јавно осветлување по најсовремена технологија, со ЛЕД-светилки, што овозможува заштеди и на електричната енергија и на одржувањето. Во 2023 година беа надградени постојните улични кабинети преку кои се вклучува група светилки со паметна и енергетска опрема, заради подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување, заштеда и за поефикасно искористување на електричната енергија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ТИКВЕШ тим вработува ДИСТРИБУТЕР…

ТИКВЕШ ТИМ има потреба од лице што ќе работи на работната позиција ДИСТРИБУТЕР… Заинтересираните нека се јават на телефонскиот број : 076 309 404

ЦК „Бели мугри“: „Надеж – Светлина низ темнината“ од Ана Митевска пред љубителите на ликовната уметност во Кочани

Во салонот „Фоаје 2“  на спратот во ЦК „Бели мугри“ во Кочани синоќа е отворена самостојната изложба на Ана Митевска, дела изнедрени во текот на изработката на нејзинио магистерски труд. Изложбата го носи името „Надеж – Светлина низ темнината“ и се состои од дваесет апстрактни слики преку кои Митева, како што самата вели „артикулира лична,

Во паркот во Облешево ќе се гради спомен-обележје посветено на младите лица кои ги загубија животите во пожарот во „Пулс“

Со 11 гласа „за“, Советот на Општина Чешиново-Облешево на последната седница донесе одлука за изградба на спомен-обележје посветено на младите лица кои ги загубија животите во пожарот во „Пулс“ минатата година. Предлогот беше поднесен од градоначалникот Јорданче Костадинов и доби целосна поддршка од советниците, при што беше истакнато дека за неговата реализација е остварена координација