Во паркот во Облешево ќе се гради спомен-обележје посветено на младите лица кои ги загубија животите во пожарот во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со 11 гласа „за“, Советот на Општина Чешиново-Облешево на последната седница донесе одлука за изградба на спомен-обележје посветено на младите лица кои ги загубија животите во пожарот во „Пулс“ минатата година.

Предлогот беше поднесен од градоначалникот Јорданче Костадинов и доби целосна поддршка од советниците, при што беше истакнато дека за неговата реализација е остварена координација и со семејствата на починатите.

Планирано е спомен-обележјето да биде поставено во паркот во Облешево, во непосредна близина на зградата на општината, на просторот каде што во моментов се наоѓа фонтана, која е нефункционална.

Градоначалникот Костадинов посочи дека идејата произлегла од заеднички средби со семејствата на жртвите, со цел да се обезбеди соодветно место за оддавање почит.

Од Општината информираат дека службите од секторот за урбанизам веќе работат на подготовка на потребната документација, за проектот да се реализира согласно важечките законски процедури.

Со оваа одлука, општината најавува создавање трајно обележје кое ќе ја зачува меморијата за трагично загинатите и ќе служи како место на сеќавање.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Татко го тепал 13-годишниот син на паркинг во Кочани

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.М.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 24.02.2026 на паркинг простор во Кочани, пријавениот физички го нападнал неговиот 13-годишен син.

Костадиновски: Реализираме неколку инфраструктурни проекти во Истибања

Општина Виница денеска  започна со подготвителни активности за поплочување на две улици во Истибања и за изградба на тротоар на влезот од селото. Нешто подоцна, најавуваат од Општинатата,  ќе продолжи поплочувањето на повеќе помали и потесни улици во градот и во неколку населените места. -Финансиските средства за овој проект во висина од 5,7 милиони денари

Вознемирување, навреди и притисок: Пријавен случај на психичко насилство врз дете во Кочани

На 25.03.2026 во 15:40 часот во ОВР Кочани, 42-годишна жена од Кочани пријави дека подолг временски период, врз нејзината малолетна ќерка е вршено психичко насилство од нејзина соученичка, а подоцна се приклучиле и други малолетници.     Според пријавеното, на социјална мрежа имало група во која со други малолетнички ја навредувале и омаловажувале нејзината ќерка,