Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вчера е отворена ликовна изложба на дела работени во текот на 33. Лесновска ликовна колонија, која и овој пат имаше меѓународен карактер.
Пред присутниуте зборуваше Марија Трајчева, претставник на ДК „Злетовски рудар“, локална установа од културата која ја организира Лесновската ликовна колонија од 1992 година па наваму, без никаков прекин.
Во галеријата на ДК „Тошо Арсов“ е изложена поставка од дваесетина слики на 13 автори од земјава и странсво, создадени во јули месец минатата година во Лесново и околината. Изложбата не е тематска,сликарите твореле по сопствен избор.
Сликите од 33. Лесновска ликовна колонија во Виница ќе престојуваат до 15 април, а галеријата е отворена за посети секој работен ден од 8 до 15 часот.
Изложбата е реализирана во рамките на проектот „Преземање на изложби за локални установи“, финансиран од Министерството за култура и туризам.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









