Поставка на дела изработени во текот на 33 – та Лесновска ликовна колонија ќе се најде пред виничани утре, 25 март, во ДК „Тошо Арсов“.
Изложбата се состои од дваесетина слики работени од 13 учесници на колонијата што се одржа мината години во месец јули, во организација на ДК „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
Свеченото отворање е закажано во 12 часот.
Приказната наречена „Лесновска ликовна колонија“ започнува во1992 година. Низ неа досега поминале стотици ликовни уметници од различни делови на светот. Насликаното од нив е дел од богата збирка на дела што ја чува организаторот, ДК „Злетовски рудар“ .
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









