По договор со општината, угостителите ги отстрануваат терасите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од утринава, угостителите во Трговскиот центар – блок А во Кочани почнаа со отстранување на терасите поставени на јавна површина пред нивните локали на катот.

Станува збор за обврска што произлегува од договорот постигнат пред два месеца меѓу градоначалникот Владко Грозданов и сопствениците на угостителските објекти.

Со него е предвидено сите времени градби што се третираат како бесправни да бидат отстранети во на сопствен трошок.

Со ова, просторот пред пицериите треба целосно да се расчисти и да стане прооден за пешаците.

Дел од угостителите посочија дека неколку дена нема да работат поради безбедносни причини за гостите, додека други истакнаа дека ќе продолжат со работа во внатрешниот дел, како и со достава и нарачки.

Во иднина, угостителите ќе можат да поднесат барање за користење на јавната површина, но само доколку ги исполнат законските услови. Тоа подразбира поставување подвижни тенди, чадори и опрема без оградување, при што просторот мора да остане отворен од три страни.

Кафулињата на приземјето веќе ги отстранија застаклените делови од јавната површина, додека нивните тенди остануваат.

Од општината најавуваат дека оваа мерка ќе важи за сите угостителски објекти во Кочани, со цел поголем ред и слободен пристап на јавните површини.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени