До доцна вечерва истражеители, полицајци и екипи на други институции собираа докази на терен, во Зрновци каде беше пронајдено женско тело во распаѓање.
Жителите на општината за Радио Кочани вознемирено сведочат како дознале за немилата случка.
Од МВР и од обвинителството потврдија дека е пронајден човечки леш во фаза на распаѓање.
Неофицијално – не е исклучена можноста од насилна смрт.
Телото веднаш е предадено на обдукција.
Сведоштво на Ванчо Андонов при што посочи дека во селото не фали ниту една жена, додава дека сигурно е од соседните села, донесена и исфрлена..
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









