Уживајте во пролетта…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Астрономската пролет почна вчера попладне, а сезонските прогнози покажуваат дека голем дел од светот влегува во потопол период од вообичаеното.
Овој период се карактеризира со пораст на температурите, подолги сончеви денови и интензивно раззеленување на природата.
Во околината на Кочани веќе се забележуваат расцутени дрвја и зголемена вегетација, што е типично за овој дел од годината. Сончевото време и природните услови придонесуваат за зголемено раздвижување, особено од љубителите на природата и рекреацијата.
Денот на пролетта, кој се совпаѓа со рамноденицата, означува изедначување на денот и ноќта, по што следува период на подолги и потопли денови.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Зрновци потресено: Според неофицијални извори, девојка е жртва на тежок инцидент

Според неофицијални и засега непотврдени информации, во Зрновци се случил сериозен кривичен настан во кој наводно животот го загубило женско лице. Дел од информациите упатуваат и на можност за претходно насилство, но надлежните институции сè уште немаат излезено со официјална потврда за деталите. Во моментов, на местото на настанот се присутни екипи од Полициската станица

Малолетен Трканец за девојка се заканувал до пиштол на малолетник од Оризари…

МВР информира дека вчера, (19.03.2026) во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото. Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско. „Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор

Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат градбите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови

Угостителите со објекти на катот во Трговскиот центар  – блок А во Кочани во текот на наредната недела ќе мораат да ги отстранат времени градби – тераси поставени пред нивните локали на јавно прометна површина. Просторот на катот во Трговскиот центар – блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот