Post Title

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Ловниот туризам е специфичен вид на авантуристички туризам, кој ги поврзува природата, културата и спортските дух, а Македонија во последните години претставува се поатрактивна дестинација за ловците од земјата и странство.

Една од најинтересните локации за оваа намена, секако е крајниот исток  на земјата, кој нуди врвна инфраструктура и организација за сите љубители на ловот.

Токму овде, во организација на ловниот концесионер „Хантер“ беше спроведен лов на дивеч (волк, шакал и лисица), на кој беше поканета и теренската екипа на Радио Кочани.

Зборното место беше рано наутро на раскрсницата кај село Смојмирово, каде пристигнаа ловци од повеќе градови на нашата преубава татковина, но и тројца пасионирани љубители на европски волк  од Англија.

Распоредот и почетните инструкции околу организацијата ги објасни првиот човек – управителот Александар Дончески.

Веднаш потоа околу 50-тина ловци се упатија на теренот, поделени распоредени како терачи, а половина – чекачи.

Меѓу нив со соодветни теренски возила се упатени и ние на локација која можеше да се одреди само со „GPS“.

За кратко време насетапи само молк и тишина. Се слушаа само спорадични истрели и вик од теренците, а во функција беше и термалниот дрон чија задача беше да истражи  дивеч на теренот и да во првиот налет беа откриени четири волка, кои инстиктивно го напуштија теренот и се упатија кон бугарската граница.

Ловечки кучиња не беа дозволени, затоа што беше период кога дивечот се размножува, па имаше мали единки од срна и зајак и диви свињи, за кои кучињата претставуваат опасност. Дронот откри уште два волка кои паметно беа сокриени во густата шума и притаени  иникако не излегуваа на чистината за отстрел.

Не за џабе велат дека европскиот волк е најинтелигентното животно – најтешко за отстрел!

Сепак гостите ловци од Англија беа презадоволни, затоа што имаа можност да се запознаат со традиционалните ловни техники и обичаи, што дополнително го збогатува нивното искуство.

Во ловниот дом во „Равна Река“ присуствуваа на подготовката на домашни сиња, од фарма до трпеза.

Сите заедно го чекаа ловечкиот ручеков  со домашно мезе и домашна сливова ракија стара 40 години.

Да, да уште од покојниот дедо на  Марјанчо Димитров од Пехчево.

Новиот ловен дом е изграден и пуштен во употреба токму за развој на ловниот туризам во Македонија.

Покрај странските гости беа присутни и ловци од Кичево, Кавадарци, Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Берово, Пехчево и други, а заслугата за еден ваква беспрекорна организација, секако најмногу му припадна на нашиот домаќин Александар Дончески.

Одговорите на неколку прашања ги добивме пред камерите на Радио Кочани.

Ловниот туризам не е само едноставна потрага за трофеј. Тоа е комплетно искуство – средба со дивината, тестирање на способностите, поврзување со природата и традицијата.

Доказ за тоа се и дивите коњи на кои наидовме попат, кои слободно без пасош се движат и на бугарска и на македонска страна.

Ако барате место каде вистински ќе се одморите и уживате во квалитетен лов, од каде ќе се вратите со незаборавни спомени, тоа е токму овој наш источен предел од Македонија, дестинација која не смеете да ја пропуштите.

До скоро видување!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Малолетен Трканец за девојка се заканувал до пиштол на малолетник од Оризари…

МВР информира дека вчера, (19.03.2026) во 15:45 часот во с.Тркање, кочанско, полициски службеници од ОВР Кочани лишиле од слобода 16-годишник од селото. Тој се сомничи дека на 13.03.2026, по претходна расправија за девојка, со пиштол се заканувал на друг малолетник од с.Оризари, кочанско. „Во присуство на родител, адвокат и социјален работник, извршен е службен разговор

Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат градбите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови

Угостителите со објекти на катот во Трговскиот центар  – блок А во Кочани во текот на наредната недела ќе мораат да ги отстранат времени градби – тераси поставени пред нивните локали на јавно прометна површина. Просторот на катот во Трговскиот центар – блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот

Свечена академија на учениците од ОУ „Раде Кратовче“ по повод патрониот празник

Вечерва, во Цетарот за култура „Бели мугри“ се одржа свечената академија по повод патрониот празник на ОУ „Раде Кратовче“. На настанот се претставија ученици, хорот и поранешната ученичка Драгана Јорданова, а сега успешна музичка уметница. По повод 100 години од делото „За македонските работи“ од Крсте Петков Мисирков, пензионираниот професор Доне Донев изведе монодрама посветена