Проданоски се сомнева дека човечки фактор е причина за пожарот на депонијата „Алинци“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Градската депонијата „Алинци“, по тридневното горење и ширење не пријатен миризба низ Пелагонија, загадувајќи ja животната средина, веќе е ставен под контрола, со активно ангажман на екипи од ТППЕ-Прилеп, јавните комунални претпријатија во Прилеп и прилепски општествено одговорни фирми кои помагаат со механизација и носење земја за покривање и санирање на опожарениот дел.

„Се сомневаме на човечки фактор. Пријавено до Министерството внатрешни работи, до одделението за внатрешни работи Прилеп. Овие трет ден се работи паралелно на полевање со вода, намалување на огромните јазици, засипување со земјa, затоа што тоа е единствениот начин за да се угасне пожар на депонија. Ова се случува веќе четврт пат во две години и е навистина сериозен проблем. Треба да се решава. Долгорочното решение е Регионалната депонија во Новаци, која што треба да почне да функционира. Паралелно, треба да се работи на рекултивација на нова Депонија. Вклучени се сите општествено одговорни компании што се можност да ни дадат техничка поддршка од Прилеп и прилепско, вклучително и компанијата Бехтел и Емка, која што работи на изградба на автопатот Прилеп – Битола.“ рече градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, на средбата со новинарите која имаше за цел запознавање со новите кадровски промени на јавните комунални претпријатија во Прилеп.

„Сметам дека денеска би се завршила или би се угаснал, пожарот конечно. Најголем дел е веќе угаснат, ама денес ќе се заокружи. Ги информирам граѓаните дека ги направивме сите можни обиди со сите средства кои што ни беа на располагање. Пробавме и едно иновативно средство за гаснење пожари на отворено, но не даде добри и очекувани резултати. Го добивме како донација. Пожарникарите на ТППЕ- Прилеп  го нанесат, но не покажа добри резултати. Денеска, имаме вклучено механизација. Неколку товарни машини, 10 или 12 камиони кои што сипаат земја врз депонијата и сметаме дека денеска ќе се заврши оваа агонија која што ја имаме 3 дена. Ниту временските услови не помогнаа. Внимававме и на безбедноста на вработените.“ рече тој

При оваа прилика градоначалникот Дејан Проданоски апелираше до граѓаните да го почитуваа комуналниот ред за да ја заштитиме животната средина, за да нема вакви последици со палење на градската депонија.

„Работиме се поинтензивно, и веќе се гледа крај на фабриката за секундарна селекција на отпад, дојдовме до напојувањето со електрична енергија, се договоривме со ЕВН Македонија да се направи приклучок на посебен корисник, договоривме динамика на работите, ги добивме сите дозволи за прокоп за да се постави кабел во должина 2 км, најблиска до трафостаница која е таму со средствата кои ги добивме од Министерството за Животна Средина за изградба на фабриката. Тие 90 милиони денари би сe искористиле и за тоа: фабрика да се огради, да се постави видеонадзор, во контекст да се зголеми безбедноста на отворената депонија и верувам дека уште овие две години ќе биде отоварена,а потоа во 2027 ќе почне да функционира регионалната депонија. Тогаш како граѓани, ќе имаме најмала сметка за плаќање заради селекцијата на отпад и фабриката која ќе ја пуштиме во функција. Би можело заради капацитетот кој го има фабрика и да ја користиме и комерцијално, односно да ја користат и други општини за да им го селектираме отпадот кој ќе треба да се одлага, затоа што одлагањето на отпад на регионалната депонија би се плаќал во иднина.

Апелирам до сите граѓани да го почитува комуналниот ред, навистина да се грижиме за нашата животна средина“ порача, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоки на денешната средба со новинарите.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Здрави заби за убава насмевка – хепенинг во Прилеп посветен на оралното здравје

Под мотото „ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ“ во организација на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески – Прилеп, во  Домот на културата „Марко Цепенков„ децата учеа за важноста од оралната хигиена и како до здрави заби и убава насмевка. „Здравата насмевка не е само одраз на убавината, туку и огледало на грижата...

Мермерот, тутунот и туризмот ќе ја збогатуваат трговската размена со Кина

При посетата на Прилеп за промоција на древната техника Таи Чи која ќе се применува во Школата за мајчинство во прилепската болница, амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија, Џианг Сјаојан одговораше и на новинарски прашања кои се однесуваа на идните проекти на кинеската амбасада во Македонија и Прилеп, како...

Акција за пошумување на Маркови кули со 6000 садници, в сабота по повод Денот на пролетта

Ќе се пошумува Маркови кули со 6000 дабови дрвца, по повод Денот на Пролетта и екологијата, 21 Март, со цел создавање позелена животна средина на овој локалитет, како заштитено подрачје и споменик на културата. Целта на оваа акција подджана од Општина Прилеп и Бирото за развој е воспоставување поголема стабилност...