Тоше Стојанов назначен за началник на ОВР – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од денеска, Тоше Стојанов официјално ја презеде функцијата началник на ОВР – Кочани, откако беше назначен од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Стојанов доаѓа на највисоката раководна позиција во Одделението за внатрешни работи – Кочани со повеќе од десет години професионално искуство во полициските структури.

Во текот на својата кариера, тој работел во специјализирани полициски единици, каде стекнал значајно оперативно искуство, особено во делот на безбедносните предизвици и справувањето со организиран криминал.

Посебен акцент во неговото досегашно работење е ангажманот како инспектор за сузбивање на недозволена трговија со дрога, област во која има реализирано повеќе активности насочени кон откривање и спречување на криминални мрежи.

Функцијата началник на ОВР – Кочани претставува највисока раководна позиција во рамки на оваа институција, со одговорност за координација на безбедносните активности и одржување на јавниот ред и мир на локално ниво.

Стоајнов пред да дојде на функцијата началник, во месец февруари годинава беше назначен за началник на надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР-Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Бесплатни стоматолошки прегледи за повредените од пожарот – во „Свети Козма и Дамјан“

По трагичниот пожар што го потресе Кочани, продолжува грижата за повредените граѓани преку конкретни и навремени здравствени мерки. Во таа насока, Клиника Св. Козма и Дамјан се вклучи со значајна иницијатива, обезбедувајќи бесплатни стоматолошки прегледи за сите лица кои биле изложени на чад и токсични гасови. Стручните лица предупредуваат дека вдишувањето на јаглерод моноксид може

Обвинителството смета дека на Папазов не треба да му биде укинат куќниот притвор

Јавното обвинителство смета дека на поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, не треба да му биде заменет куќниот притвор со мерки за претпазливост, како што тоа побарала неговата одбрана.   -„Јавното обвинителство во оваа фаза од постапката смета дека нема околности поради кои може да се укине мерката куќен притвор и да се замени со

Загина 65 годишник од Истибања, тројца повредени од Штип и Истибања во сообраќајката кај Кочани-Виница

На патот Кочани – Виница вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу „фолксваген туран“ управуван од Ј.Т. (59) од Штип и „мазда“ управувана од З.П. (65) од с.Истибања, Виничко. Во несреќата загина З.П. (65), а со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Т. и сопатниците Г.Д. (65) и Ж.П. (58), констатирани во Општа болница