На патот Кочани – Виница вчера околу 13:40 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу „фолксваген туран“ управуван од Ј.Т. (59) од Штип и „мазда“ управувана од З.П. (65) од с.Истибања, Виничко.
Во несреќата загина З.П. (65), а со телесни повреди се здобиле возачот Ј.Т. и сопатниците Г.Д. (65) и Ж.П. (58), констатирани во Општа болница Кочани.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Виница, а телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









