Нова цената за услугите во градинките и старскиот дом – донесен правилник за штета предизвикана од каснување на куче бездомник

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Советот на општина Прилеп денеска ја одржи 11 седница, на која пред советниците се најде обемен дневен ред со неколку важни финансиски документи, извештаи за работа, донации и проширување на буџетот.

Меѓу одлуките беше и покачување на цената на услугите за детските градинки и старски дом по одлука на управните одбори од овие институции. Но најголемиот дел од точките на седницата беа поврзани со финансиските извештај на основните и средните училишта и на институциите: ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп, Детски градинки „Наша иднина“ и Градската библиотека „Борка Талески“.

Стана збор и изнаоѓање решение за финансиските издатоци што ги има општината и ЈКП Комуналец направени за штета предизвикана од каснување на куче скитник.

Дискусијата се наметна по втор пат, бидејќи овие точки беа од претходната седница – одлука за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња и по предложеното упатство за начинот и правилата на утврдување и исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња. Опозицијата бараше, повторно, системски да се реши проблемот, но на ова градоначалникот Дејан Проданоски посочи дека „за некој ова стана сериозен бизнис, а за некој стана животна траума“,па мора да се почне со решавање на проблемот од некаде, бидејќи е долгогодишен и е многу значаен и за граѓаните и за општината. Тој апелираше на свеста и на граѓаните кои го „креираат проблемот“- „сите оние кои секојдневно речиси носат по 10 кучиња, со камиони и ги оставаат во градот, ве молам да не го правите тоа!“ рече тој и објасни дека градот не е во можност истовремено да залови и да стерилизира 1000 кучиња кои според законот по 15 дена во стационар, мора да се вратат на местото каде што се заловени.

„Со ова не го решаваме проблемот!“ рече тој.

Советниците на оваа седница ја усвоена и прифатена и на донација во тампон, од МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп за реализација на тековните градежни проекти на ЕЛС Општина Прилеп и одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на водотек на река Ореовечка.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад

Во Прилеп е во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад, која ќе има капацитет за преработка до 10 тони отпад на час. Проект кој претставува еден од најзначајните инфраструктурни за модернизирање на системот за управување со отпадот во општината. Станува збор за прва фабрика од ваков тип...

Момче од крушевско почина од струен удар

Момче од крушевско го загуби животот откако бил погоден од струен удар и бил донесен без знаци на живот во прилепската болница. Дваесетгодишно момче од селото Саждево почина откако било погодено од струен удар, соопшти полицијата: На 12.03.2026 во 17:55 часот во СВР Битола е пријавено дека од с.Саждево, крушевско, во Општата болница Прилеп...

Се бара исчезната 31 годишна жена од с.Локвени

Во полицискатаа станица во општина Долнени е пријавено дека исчезната е 31годишна. Сопругоот вчера во попладневните часови забележал дека жената ја немало во домот. Имено, на 11.03.2026 во 12:00 часот во Полициското одделение Ропотово, лицето Н.З.(34) од с.Локвени, општина Долнени пријавило дека од семејниот дом се оддалечила неговата сопруга Ф.З.(31)...