Мицкоски од Кочани: Владата и општината интензивно инвестираат во развој на инфраструктурата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Доаѓаме за убави работи овој период од годината во Кочани, нови проекти, нешто коешто очекувам да додаде вредност во квалитетот на живот на жителите на Општина Кочани. Овие проекти се дел од она за коешто во минатото зборувавме, истото како што е дел и оној капителен проекти изградба на експресен пат којшто треба да го поврзе Кочани со Виница, Делчево и граничен премин со Бугарија.

Првата делница од Кочани до Виница, проектирањето е завршено таа ќе се изведува со сопствени средства, се бара финансирање за делот од Виница до Делчево и мислам успешно ќе се заврши тој процес, проектирањето тече така што сето она за коешто сме зборувале ќе го реализираме и работиме согласно приоритетите. Градоначалникот го спомна оној доводен цевковод на геотермална вода, ние имавме пред околу недела дена состанок кај мене во Владата. Ги разговаравме приоритетите општествена одговорна компанија, јас не сум стигнал да го информирам и градоначалникот, излезе на терен направи дефектажа и таа иста општествено одговорна компанија ќе изврши санирање на тој цевковод така што некаде околу 8 или 9 места парчиња цевки треба да се пресечат и заварат нови за да се санира, исто како и отплатата за изолација термичка така што тие се нафатија како општествено одговорна компанија тоа да го направат без да биде наплатено ниту денар, еве ова е уште една добра вест бидејќи не успеавме да се видиме пред овој настан со градоначалникот да информирам.

Така што мислам дека сето она за коешто зборувавме изминатава година, но и претходно ќе го реализираме и е веќе ставено на шини за реализација. Се разбира кога и да доаѓам тука во Кочани не можам да не се сетам на оној 16 март минатата година и претпоставувам тоа така ќе биде до крајот на мојот живот, но секогаш се радувам кога можам да дојдам за убави работи овде во Кочани и да отпочнеме нешто ново коешто ќе даде дополнителна енергија на градот, но и на општините коишто гравитираат во овој дел на Македонија, не смееме исто така да ја заборавиме и Општина Чешиново-Облешево и останатите општини, Виница, Штип, Карбинци, Пробиштип.

Така што еве на крај да се заблагодарам на градоначалникот, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на пратениците, на сите жители на Општина Кочани коишто даваат поддршка на реализирање на вакви проекти, а ние како Влада ќе продолжиме да даваме приоритет на Кочани и на општините за коишто зборувавме бидејќи не можеме да го повратиме она што е загубено, но барем да обидеме дел од таа енергија да ја повратиме за да можат луѓето се вклучат во нормалните текови на живот…

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе

Амфенол Технолоџи Македонија го проширува опфатот на кадар до Свети Николе Компанијата најавува проширување на можностите за вработување во производствениот капацитет во Кочани, со што за првпат ќе се отвори можност за вработување на кандидати и од општина Свети Николе. Со цел да се обезбедат подобри услови и поголема достапност на работните места, компанијата организира

Чувар и двајца соселани вдишале чад гаснејќи пожар кај Прочистителната станица – Укажана им е лекарска помош….

На 12.03.2026 во 21:05 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во близина на с.Мојанци, кочанско, настанал пожар во објект во склоп на Прочистителната станица, сопственост на ЈП „Водовод“ од Кочани. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат. Лицето В.И. (56) од с.Мојанци кој го пријавил пожарот, додека бил на своето работно место како