Пет ученички-членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари најмали,а воедно најактивни и креативни учесници на обуката „Млади креатори на содржина“ одржана во Штип

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Пет ученички од 9 то одд. членови на медиумскиот клуб во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Оризари беа дел од проектот „Млади креатори на содржина“ во организација на томот на „Види Вака“ и „Гоце.мк“. Станува збор за ученичките Бисера Стоилова, Марија Ананијева, Ана Каранфилова, Магдалена Николова и Теодора Трајчева и нивниот ментор наставничката Тања Велкова.

Проектот има за цел да им даде простор и алатки на младите од Источна Македонија да создаваат кратки видео приказни за теми што ги засегаат нивните заедници, со фокус на проблемите и права на младите, локални проблеми, јавни услуги, јавни простори и позитивни примери.

Ова е важно затоа што регионот често е недоволно застапен во медиумите, а младите ретко имаат структурирани можности да учат и практикуваат одговорно и креативно раскажување приказни.

Младите имаа можност да изработат приказни во склоп на проектот и да им бидат објавени на „Види Вака“ и „Гоце.мк“. како и можност за платен ангажман во иднина во „Види Вака“.

На тридневата обука што се реализираше во хотел Оаза во Штип учесниците беа од различни градови од Истокот, и беа основци, средношколци и студенти на новинарство и односи со јавност и други факултети.На обуката имаа можност да слушнат што значи да се биде новинар, кои се предизвиците со кои се соочуаат новинарите, како еден медиум може да дава глас на безгласните и да создава приказни што прават промени, за етиката на објективот, за отпорноста на  новинарот(борба, бегство, замрзнување, изгореност, поставување граници), а учесниците имаа можност и лично од локалните новинарида слушнат повеќе за нивните искуства во новинарството преку личната средба и разговор со нив.

Многу корисна беше обуката за учесниците  бидејќи меѓудругото се зборуваше и за безбедност на терен и физичка сигурност, режими на заклучување и спречување неовластен пристап, безбедна комуникација, заштита на лични податоци со секундарни уреди, управување со податоци и пристап во случај на притвор или запленување, совети за мобилно новинарство, подесувања на камера и техничка поддршка, основи на монтажа каде што учесниците имаа можност да снимаат и монтираат сами прилог и истиот да биде претставен на обуката.

Од психолошки аспект слушнаа за заштита на своето ментално здравје – влијание на траума, адреналин, шум од публика, психолошки техники за исклучување.

На обуката имаше обучувачи од Македонија и Србија,организатор беше тимот на „Види Вака“ и „Гоце мк“. На крајот сите учесници добија сертификати за учествои скоро сите дадоа свои изјави за учество во емисијата „Види Вака“.

Ученичките од ООУ „Крсте Петков Мисирков“презадоволни и полни со нови знаења севратија од обуката, а организаторите беа воодушевени од нив и од нивното активно и креативно  учество во обуката со оглед на фактот дека тие беа најмалите а воедно најактивните учесници на обуката.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени