(ВИДЕО)Ристеска: навремената заштита е гаранција за добар род!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Секоја земјоделска сезона е посебна приказна, во која директните производители за оптимални резултати треба да ги следат временските прилики и навремено да реагираат, да превенираат и да ги заштитат посевите или насадите. Периодов во Пелагонија актуелни се последиците од поплавите, сеуште дел од земјоделските парцели се под вода, а некаде вишокот вода во почвата не дозволува техничка обработка. На стартот од пролетната сеидба, од расадопроизводство за тутун и градинарски култури, земјоделците потребно е да преземат мерки за превентива од габични и вирусни инфекции кои подоцна нема да може да се сузбијат кај земјоделските култури и ќе резултираат со намален род или угинување на растенијата.

Треба да се заштитиме навремено и спрема временските услови да реагираме. Само со силна контрола може да се постигнат посакуваните резултати. Ние во Земјоделска аптека Фиталија имаме програми за земјоделците прилагодени за временските услови. Кај есенските посеви моменталната состојба е таква што треба веднаш да се реагира. По обилните дождови следуваат високи температури, но самата влага во почвата предизвикува габични инфекции. Кога ќе се создадат услови да се истретираат посевите, моја препорака е заштита. Може да се користат препарати врз база на бакар: бакар оксилохлорид, бакар хидрооксид, паста Кафаро има и други новитети кои можат да се внесат во програмата. Секоја парцела треба да се има во предвид на која висина е, се наоѓа во котлина, дали има можност за исцедување на водата и соодветно да  се постапи. Исто така е важна ПХ вредноста на почвата, дали е глинеста, сиромашна земја или добра хумусна почва, тоа е многу важен показател за да може да се направи програма. Приоритет е заштита од габичните инфекции предизвикани од вишокот влага и може да дојде до скапување на самата култура, вели Ели Ристеска, агроном од Земјоделската аптека Фиталија.

Препораките се лозарите да почнат со заштита  на насадите врз база на бакар и потоа на секој 21 ден третман, но во секој случај во текот на сезона 6 до 7 пати третман за добивање на квалитетен принос. Зошто бакарот е важен при заштита од габични инфекции?

Не секој бакар е добар. Би ја оддвоила пастата Кафаро. Од него имаме бакар хидроксид и бакар оксилохлорид. Бакарот е врзан во тројна врска и е прочистен и може да се меша и со други препарати и е единствен бакар што ја спречува болеста „црнилка“, рак рани и други болести кај сите видови култури. Во Фиталија има и нови препарати кои што се на располагање од оваа година, вели Ристеска.

Покрај третманот со бакар, потребно е вклучување на средства кои што ќе го регулираат вишокот на влага или пак недостигот од вода во почвата, ќе придонесат за нејзино оплеменување и добра средина за правилен развој на културите. Од Фиталија препорака за користење на ЗЕОЛИТ.

– Го препорачувам Зеолит – Криоптиналит. Тој се разликува од другите видови Зеолит кои што ги има над 1000 видови! Зеолит – Криоптиналит е добиен како лигнит од вулканските карпи и е најделотворен. Прво доведува до брза катјонска размена, односно сите микроорганизми ги разработува и сите хранливи материи во почвата подобро се разменуваат.

Воедно, доведува до подобар прием на материите преку кореновиот систем, и преку него од ксилемот и флоемот храната оди до листовите. Со тоа се добива добра гутација, транспирација односно стомите добро се отвораат и фотосинтезата одлично функционира по природен пат, посочува Ристеска.

Во Земјоделската аптека Фиталија секогаш ќе добиете стручни бесплатни совети и соодветна програма за заштита и прихрана на вашите посеви и насади, како и за сточарите и пчеларите. Со почетокот на сезоната посетете ги кај старата автобуска станица, позади катната гаража и информирајте се, набавете квалитетни овошни или цветни садници по поволни цени.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Дизелот поскапува за 14,5 денари по литар, бензинот за 5 денари

Регулаторната комисија за енергетика денес утврди нови максимални цени на горивата, во сила од полноќ: бензин БС-95 на 79,50 денари по литар – раст од 5 денари, еуродизел на 85,50 денари по литар – раст од 14,50 денари. Просечното поскапување е 14,27 отсто, највисоко во еден неделен циклус откако РКЕ...

Обезбедувач пронајден починат во стражарска куќичка во Прилеп

Маж кој бил ангажиран од фирма за обезбедување бил пронајден мртов во стражарница во поранешна фабрика:

Одличен викенд на ППК Младост 96 на домашна сцена

Пингпонгарскиот клуб Младост 96 од Прилеп имаше исклучително успешен викенд на домашната сцена.Во саботата, на Мастерс турнирот за млади до 19 години што се одржа во Крива Паланка, во женска конкуренција доминираа членките на Младост 96. Софија Хасану го освои првото место, додека нејзината клупска колешка Фани Јованоска се пласираше...