Одлична премиера на карате турнирот „63 ангели“ – Кочани и Сансаи најуспешни клубови во борби и кати

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Најуспепешен клуб на Меѓународниот карате турнир „63 ангели“ во Кочани е КК Кочани, воедно и најмасовен, додедка Алексeј Ристов и Илина Костадинова од истиот клуб се најдобрите натпреварувачи во борби во машка и женска конкуренција. Сансаи Метал Апостолов е најдобар клуб во кати и во машка и во женска конкуренција.

Беа прикажани добри борби, особено во јуниорска конкуренција, во прееден план беа репрезентативците на Македонија.

Турнирот е во знак на сеќавање на жртвите од трагедијата во „Пулс“ и за помош на повредените и на семејствата на настраданите.

Карате клубот „Партизан“ – Кочани во соработка Карате федерацијата на Македонија беа на висината на задачата во организацијата на турнирот на кој настапија настапија 379 каратисти од 32 карате клубови од Македонија и Србија.

Главниот поттик за организација на турнирот дојде од македонскиот репрезентативец и член на КК „Партизан“, Филип Стојанов кој на посителите со брат му Ангел и понудија несекојдневно уживање, во меѓусебната борба.

„Турнирот нека биде начин за достоинствено сеќавање и почит кон поддршка повредените во трагедијата. Од името на карате клуб „Партизан“ и на цело Кочани им благодариме на Македонската карате федерација, на судиската организација за поддршката во организирањето на овог гурнир и на сите коишто на свој начин помогнаа и помагаат сите учесници да се натпреваруваат и чувствуваат пријатно во Кочани. Со овој турнир испраќаме уште една порака дека каратето е повеќе од натпревар, тоа е карактер, почит и човечност, истакна на отворањето Благојчо Арсов од КК „Партизан“, поранешен репрезентативец на Македонија.

Собраните средства од котизацијата на турнирот ќе бидат донирани на волонтерската организација „Сапорт Кочани“.

„Името 6З ангели не е само бројка. Тоа се 63 соништа, 63 насмевки, 63 животи што треба да продолжат. Наша обврска е никогаш да не ги заборавиме. Ова е искрен гест и придонес кој ни покажува дека не сме сами, дека болката ја делиме сите. Каратето не учи на дисциплина, почит и чест. Денес тие вредности ги претвораме во хуманост и заедништво. Денес победата нема да се мери само со медали туку со срце. Нека овој турнир биде симбол дека од трагедија може да се роди солидарност, дека од болка може да  се роди сила и дека љубовта кон нашите ангели ќе не обединува засекогаш“, истакна Александар Наунов, претседател наздружението „16-ти Март 2025 Кочани“.

Секретарот на Карате федерацијата на Македонија, Игор Миновски, потенцираше дека каратето не создава само врвни спортисти, туку и личности со високи морални вредности.

„Како Карате федерација, горди сме што поддржуваме иницијативи кои го промовираат спортот како сила што обединува и помага. Вашето учество денес е повеќе од натпревар, а тоа е порака за заедништво и хуманост.

На натпреварувачите им посакувам фер борби и успешни настапи, а на сите присутни убави спортски моменти и силна позитивна енергија“, порача Миновски.

На свеченото отворање, во името на Општина Кочани и Советот, советникот Љубчо Ѓорѓиевски упати благодарност за учесниците и притоа ја истакна поддршката на Локалната самоуправа на вакви иницијативи кои го негуваат споменот за настраданите.

„63 ангели е многу мал збор ако кажеме за тоа колку тие заслужуваат. Овој настан нека биде само почеток на низата настани кои Општина Кочани ќе продолжи да ги поддржува, како и секогаш ќе биде поддршка за Здружението на граѓани 16-ти март“, peчe Љубчо Ѓорѓиевски, член на Советот на Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ОВР Кочани ги повикува повредените и семејствата на загинатите од пожарот во Кабаре „Пулс“ за подигнување на личните предмети

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА     Во врска со трагичниот настан – Пожар во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од

(видео) Уметноста зборува и кога зборовите замолкнуваат – Отворена хуманитарната групна изложба „Трага во бесконечноста“ во чест на Сара Јорданова

Двата изложбени салони на ЦК “Бели мугри” синоќа беа преполни со посетители на чинот на отворањето на хуманитарната донаторска групна ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“, организирана во чест и за спомен на Сара Јорданова, средношколка, една од 63 – те жртви во трагедијата што се случи минатата година, на 16 март во дискотеката „Пулс“

„Рото М“ има потреба од работници…

Рото М“ има потреба од работници во производство. Плата редовна и солидна. Телефон за контакт 075/410-522 или в