ОВР Кочани ги повикува повредените и семејствата на загинатите од пожарот во Кабаре „Пулс“ за подигнување на личните предмети

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

 

 

Во врска со трагичниот настан – Пожар во Кабаре – Клуб „Пулс“ во Кочани, случен на 16.03.2025 година, се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица – посетители за време на настанот, дека во периодот од 02.03.2026 година (понеделник) до 06.03.2026 година (петок), од 09:00 до 18:00 часот, треба да се обратат во просториите на Одделение за внатрешни работи Кочани, лоцирано на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12, Кочани.Целта е враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот за време на увидот, кои припаѓаат на повредените и починатите лица.

Предметите вклучуваат мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки. Враќањето на истите ќе се изврши по претходна идентификација од страна на сопствениците или блиски членови на семејствата на починатите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Стартува наводнителната сезона во Кочанско: Од утре започнува испораката на вода

Од утре, 15 април, официјално започнува наводнителната сезона во Кочанско, со старт на испораката на вода за земјоделските површини. Од АД Водостопанство  – Подружница „Брегалница“ – Кочани информираат дека активностите ќе се одвиваат според утврден месечен план. Според најавата, утре ќе се изврши зафаќање на бентот на Оризарска Река, додека на 17 април ќе започне

ЦК „Бели мугри“ и МУ „Ристо Јуруков“ заеднички ќе го одбележат Светскиот ден на уметност

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани и ООМУ „Ристо Јуруков“, Ве покануваат заедно да го прославиме Светскиот ден на уметноста, 15 април. Уметноста може да ја разберат луѓето ширум светот. Таа е универзална, нема јазични или гранични бариери. На едно место:  музичка, драмска, книжевна и ликовна уметност Каде: Салон „ФОАЈЕ 1“ во НУ ЦК „Бели мугри“ Кога:

Промоција на биографската книга „Фудбал под сенка“ за легендарниот фудбалер Васил Рингов, напишана од Срѓан Ивановиќ

Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со почеток во 20 часот. Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата,