Утре, (сабота 28 февруари) во 13.30 часот, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Комисијата за спорт на СДСМ организира панел-дискусија на тема „УДАР ВРЗ СПОРТОТ“. Панелисти се неколку македонски спортисти и познавачи на спортот
– Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер и професор по физичко и здравствено воспитување;
– Снешка Балова, поранешна репрезентативка во кошарка и професор по физичко и здравствено воспитување;
– Наумче Мојсовски, поранешен репрезентативец во ракомет и дипломиран економист;
– Јане Николовски, поранешен голман на ФК „Победа“ и на голман на македонската репрезентација.









