Прилеп подготвува стратешки план за урбана мобилност односно за создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Општина Прилеп денеска се одржа јавна презентација и стручна консултација во врска со проектната активност која што се работи заедно со Министерството за транспорт и врски за изработка на План за одржлива урбана мобилност (SUMP), кој ќе се реализира со финансиска поддршка од Светска банка.

Целта на проектот е да се подобри пристапноста, безбедноста и ефикасноста на сообраќајот во градот, како и да се намалат негативните влијанија врз животната средина.

Управувачкиот комитет истакна дека изработката на Планот претставува важен чекор кон создавање модерен, функционален и одржлив сообрајќаен систем во Прилеп.

„Со овој план ќе се унапреди патната инфраструктура, ќе се поттикне користењето на одржливи начини на транспорт и ќе се создадат услови за побезбеден и поефикасен сообраќај за сите граѓани“, посочи Проданоски.

На средбата беа присутни претставници од Министерството за транспорт, како и тимот на општината кој работи на проектот, претставници од Министерството за внатрешни работи, од Јавното претпријатие ПУП Прилеп, претставници на институции и граѓани. Се дискутираше за тековните активности и идните чекори за финализирање на Планот за одржлива урбана мобилност, како и можностите за подобрување на интегрираниот систем на сообраќајот во општината.

Планот ќе се фокусира на потребите за мобилност на граѓаните, институциите и компаниите во урбаното подрачје на Прилеп, при што ќе се применува транспарентен и партиципативен пристап. Во процесот и понатаму ќе бидат активно вклучени јавните институции, организациите и другите засегнати страни, со цел да се обезбеди поширока поддршка и успешно спроведување на предвидените мерки.

Од Општината информираат дека ќе следат повторно вакви јавни консултативни средби на кои што претставници од институциите и организациите ќе можат да дадат свои предлози и мислења во процесот на креирање на Планот за одржлива урбана мобилност.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Викендов во Прилеп ќе се оджи 5-тиот по ред меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”

Викендов,  од 28 февруари 2026 до 01.март 2026 во организација на ПК „Младост 96„ -Прилеп, по петти пат ќе се одржи Меѓународен меморијален турнир во пинг-понг “Илија Карески”. Натпреварите ќе се играат во салата на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп , а пинпонгарите ќе настапат во неколку категории: млади категории...

Двајца прилепачни приведени – возеле без возачка

Прилепчани возеле без возачка и биле приведени од полицијата. На 26.02.2026 во 12:30 часот на ул.„Дојранска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Р. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.Р., при што...

Формирано Локалното собрание на млади кое ќе ги застапува интереси на младите во Општина Прилеп

Општина Прилеп  избра Локалното собрание на млади, пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници во Локалниот младински совет. Согласно донесеното решение, во Собранието се избрани 12 млади делегати и 12 заменик-делегати или вкупно...