Вечерва во ЦК “Бели мугри“ – Хуманитарна групна изложба „Трага во бесконечноста“ во спомен и чест на Сара Јорданова

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во чест и спомен на гимназијалката Сара Јорданова, чиј живот трагично заврши во пожарот во „Пулс“,  вечерва во 18:30 ч. во НУЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе биде отворена хуманитарна групна донаторска ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“.

Заеднички организатор на овој  хуманитарен комеморативен настан од културата со поднаслов „За децата, за животот, за трагата“ се ЦК „Бели мугри“ и семејствотои Јорданови.

Со оваа хуманитарна ликовна изложба практично започнуваат настаните со кои Кочани и  семејствата на починатите ја одбележуваат првата годишнина од  кобниот пожар на 16 март лани, во кој животот го загубија 63 млади лица, а повредени беа  над 220.

На изложбата вечерва ќе бидат поставени сто и педесетина уметнички дела на автори од Кочани, Ресен, Прилеп, Скопје, Куманово, Берово, Виница, Штип, Лондон. На изложбата ќе има посебна поставка на слики изработени од  Сара и нејзината мајка Лидија Јорданова.

Посетителите ќе имаат можност да купат од уметничките дела и со тоа да донираат средства што ќе бидат наменети за деца без родители. Насликаното од Сара и нејзината мајка Лидија останува во сопственост на семејство. На продажба ќе бидат репродукции од нивните слики.

Свои монетни на вечерашниот хуманитарен културен настан ќе имаат и момчињата и девојките од „Корка“. Сара беше дел од првиот состав на овој кочански бенд. Свиреше на тапани.

Каталогот од изложените дела ќе биде достапен на лице место, а од денот на отворањето и на веб-страницата www.traga-vo-beskonecnosta.com.

Посетителите може да донираат на самата изложба или преку уплата на жиро-сметката 270-7000471243-92 на Халк Банка, со цел на дознака – Донација за хуманитарна изложба „Трага во бесконечноста“.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени